Ротација на гумите: Кога и како треба да ја направите?

ОБЈАВЕНО НА:

Време е за менување на гумите. Ако веќе сте купиле нови гуми тогаш е многу лесно, но ако ги користите старите од есента сега вероајтно треба да направите и ротација на истите. Гумите на предната страна од возилото обично се трошат побрзо од оние на задната страна, но ако често се менува положбата на гумите тогаш ќе има рамномерна потрошувачка и ќе се постигне максималниот век на траење.

Напомена: Ротацијата на гумите не може да ги поправи проблемите на потрошеноста кои настануваат поради неисправниот притисок на воздухот во гумите.

Колку често треба да се изврши ротација?

Добра идеја е гумите да се ротираат приближно на секои 10.000 километри. Постојат други фактори кои укажуваат на тоа дека би требале почесто да ги ротирате, а тие се:

– Голема брзина, тежок товар, долга релација. Ако редовно возите со голема брзина на долги релации или превезувате тежок овар, поради дополнително оптоварување добра е идејата за често ротирање на гумите.

– Нерамномерна потрошувачка. Ако забележите нерамномерна потрошеност, ротирајте ги гумите што е можно порано.

– Зуење. Ако слушнете зуење додека возите на рамен пат, можеби е време да се информирате за ротација.

Можете ли сами да ја извршите ротацијата?

Ви препорачуваме да го посетите дистрибутерот или вулканизер за да може ротацијата да ја изврши некој стручњак.

Меѓутоа, ротацијата можете да ја извршите и сами и тоа е доволно едноставно. Не ви треба посебен алат туку само малку простор и неколку часа.

Секогаш проверете дали вашиот прирачник за автомобилот содржи препораки од произведувачот на возилото.

Што треба да земете предвид?

– Ротирање на гумите од предна страна на задна. Сменете ги гумите од предната страна на задна само ако сите гуми се со иста големина.

– Гуми со различни големини. Некои возила се опремени со гуми со различни големини на предните и задните оски.

– Насочени примероци на шарите. Кога ги ротирате гумите со насочен примерок на профилот секога следете ги стрелките изгравирани на страничниот дел на гумите.

– Демонтажа, монтажа и повторно балансирање. Тоа ќе треба да се изврши доколку возилото има насочени гуми со различни големини или тркала со различно порамнување на предниот и на задниот дел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK