Препознајте дали возилото било поплавено и сега се продава (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Последниве денови има невреме во голем дел од деловите на земјата и некои места се поплавени. Во соседството е исто, а во Грција имаше и многу поплавени возила претежно на наши соседи. А кога возилото ќе се поплави тогаш сопственикот многу често решава потоа да го продаде, дома или можеби на некого во странство.

Не е честа појава на нашиве простори да има поплава, кoja истовремено ќе направи и голема материјална штета, но при таква појава многу е веројатно дека ќе страдаат и возилата. Набрзина се поправаат и веднаш се нудат за продажба.

При купување на половно возило најдобро е да консултирате некој механичар или сервис каде за незначителна сума на пари ќе можете да направите целосна дијагностика на возилото. И многу брзо ќе дознаете дали нешто треба да се менува и во каква состојба е истото.

Но, постојат и мали трикови како вие самите да утврдите дали автомобилот што ви се нуди, а има примамлива цена претходно извесно време поминал под вода.

 

Во следното видео од 2 минути, ќе можете да видите каде и на кој начин самите ќе можете да утврдите дали возилото претходно било поплавено.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK