Пет совети за правилно користење на акумулатор

ОБЈАВЕНО НА:

Акумулаторите се една од најважните компоненти на секој автомобил, без кој едно возило едноставно не може да биде користено. Доаѓаат и студените денови, а тогаш најчесто закажува работата на акумулаторот.

Затоа е чудно колку многу сопственици на лесни возила го занемаруваат одржувањето на акумулаторите и ги остааат да се истрошат и амортизираат, иако потребниот напор за нивната поддршка е минимален.

Затоа е добро да се знаат пет совети со кои ќе се продолжи животот на акумулаторот.

Возете го редовно автомобилот

Редовното возење на вашиот автомобил ви помага да го поддржите неопходното ниво на полнење на акумулаторот. Спротивно, ако не работи со денови или седмици, тоа ќе влијае негативно него, а во персметктива може да го амортизира целосно.

Чистете го редовно

Како и сите други апарати, акумулаторот исто така може да се оштети со долготрајно изложување на прашина или влага. Затоа, препорачливо е да се чисти редовно при секое прегледување на автомобилот.

нечисти клеми – треба да се симнат и исчистат со некој остар премет или со хартија за брусење

Дали е стабилен?

Една од главните причини за оштетувањето на акумулаторите на долг рок е прекумерните вибрации кои ги прекинуваат внатрешните врски. Затоа е важно секој сопственик на автомобилот да се увери дали е поставен безбедно во кутијата.

Чувајте го автомобилот во гаража

„Здравјето“ на вашиот акумулатор е од особено важно значење и многу е важно каде го паркирате возилото. Добро изолирана гаража го одржува топол во зима. Тоа зналително ќе го продолжи животот на акумулаторот. Ако немате гаража и долго време нема да го возите автомобилот тогаш можете да го извадите акумулаторот и да го ставите во домот на топло.

Избегнувајте целосно трошење

Не дозволувајте вашиот акумулатор целосно да се потроши. Кога го напуштате возилото проверете дали сте ги исклучиле сите светла и другите електрични уреди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK