Пет најголеми грешки кои ги правите со рачниот менувач (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во време кога голем дел од автомобилите веќе имаат и автоматски менувачи, многу е важно да се знаат некои работи за оние кои во своите возила користат рачен менувач.

Најголемиот дел од возилата уште се со рачни менувачи и додека не се премине целосно на автоматско возење треба да се слушаат советите.

Инаку, при рачното менување на брзините често се прават грешки, па некои проблеми се занемаруваат, а тоа може да влијае на автомобилот.

Одморање на раката на менувачот

Првата лоша навика е одморање на раката на менувачот. Тоа не би смееле да го правите и да го користите менувачот за одмор за раката бидејќи притисокот ја турка вилушката на менувачот и може да допринесе за прарено трошење на вилушкта што секако не е добро. Лесниот допир при возење во одредена брзина нема да има преголемо влијание, но тежината на раката е преголем притисок кој создава оптоварување на механичките делови и запчаници во внатрешниот дел на преносот на степенот на брзина.

Оваа напомена исто така стои и во прирачникот за управување и користење на возилото. Освен што ќе го продолжите векот на траење на вашиот менувач, голема е предноста и за држење на двете раце на управувачот при возењето како би се намалиле ризичите ситуации во возење, а со тоа ќе се зголеми сигурноста за себе, но и за другите учесници во сообраќајот.

Држење на менувачот во брзина при застанување на семафор

Лоша навика е држењето на менувачот во брзина при запирањето на семафор. Зависно од условите и времето на чекање, ќе се прилагодите на условите на сообраќајот, но непотребно е оставање во прв степен на преност при долго чекање или запирање. Видеото подолу ќе ви објасни подетално околу ова.

Временски не ви треба многу за да уфрлите во прва, но многу поблагодарно ќе биде ако притиснете на квачилото, ставите во неутрална позиција односно во лер и притиснете на кочница. На тој начин ќе си олесните со самото пуштање на квачилото кое е многу потешко да се притисне до крај отколку лесно да се притисне папучата за кочница.

Држење на папучата на квачилото и постојано притискање на гаста

Кога зборуваме за возење низ брдо, тогаш доаѓаме до проблеми со движењето. Држењето на папучата од квачилото и константното притискање на папучата за гас доведува до трошење на механичкиот дел од квачилото при разлика во вртежите на моторот, кој зависи од притискањето на гаста во однос на квачилото кое при спојувањето односно префрлањето во повисока брзина бема брзина на вртежите иста како моторот.

Затоа постојаното држење на автомобилот во движење или застанување на угорница не е препорачливо. За тоа постојат подобри и штедливи начини.

Наједноставно е да се крене рачната кочница и да се почека додека навистина не треба да се тргне. Потоа по чувство за движење лесно да се спушти и автомобилот ќе тргне. Модерните автомобили најчесто имаат и автоматски „Паркинг состав“, кој се вклучува при притискањето на кочницата и веројатно ќе биде вклучен низ брдо поради притискањето на папучата на квачилото сè додека не дадете гас. Многу кратко чекање ќе задоволи и само притискање на квачилото до крајот, ќе притиснете на кочницата и ако имате сигурно растојание од возилото зад вас, тоа одработете го и без рачна кочница само со отпуштање на квачилото до моментот на движење и при брзо префрлање од кочница на гас да се придвижи возилото.

Забрзување во превисок степен на пренос

Една од непотребните ситуации исто така е забрзувањето во превисок степен на пренос. Затоа доколку возите со 50 км/ч, и се наоѓате во петта брина она што не е добро е да се забрзува бидејќи автомобилот во тој степен на пренос не е подготвен за екстремно забрзување и неприродно е тоа да се очекува. Бројот на вртежи е премал за да можете навреме да забрза. Затоа постојат многу посилни степени на предност односно посниски степени на пренос на брзина. Оттаму одвојте барем секунда од времето и при нагло забрзување спуштете го степенот на пренос во оној кој одговара за предвидената брзина.

Задржување на ногата на квачилото иако автомобилот е во движење

Последната навика која ја покажува видеото подолу е задржувањето на ногата на папучата од квачилото иако автомобилот е во движење. Потребата за тоа на брзите патишта не постои. Таканареченото одморање на ногата на квачилото е непотребно бидејќи постои можност и понатаму да вршите притисок на механичките делови од механичката кутија. Воедно и на менувачот на моторот кој не е иста брзина како и спојот од страна на механичката кутија со која се спојува.

Правилото кое секој го знае е првенството на притискање на кочницата при запирање на возилото, затоа немојте константно да висите на папучата од квачилото бидејќи по потреба на наглото запирање прво ќе треба да ја притиснете кочницата, а потоа квачилото. Дури потоа сè друго што е потребно. За левата нога постои предвидено место, па затоа одморете ја ногата на тоа место.

Заклучокот е многу едноставен, а моментната перцепција при возењето во многу придонесува за занемарување на овие факти кои нашиот автомобил и тоа како ги памети. Затоа се чудиме кога некои делови треба да ги менуваме многу порано од она што е предвидено.