Колку стари гуми можат да се продаваат како нови? Проверете кога се произведени!

ОБЈАВЕНО НА:

Сте си го поставиле ли некогаш прашањето дали новите гуми имаат ограничен „рок на траење“ и дали пред купувањето е потребно да се проверува датумот на производство (таканаречена ДОТ ознака). Ова е важно прашање, но и дилема со која се среќаваат многу возачи.

Факт е дека нема познати научни и технички податоци врз чија основа би се утврдила специфичната максимална старосна граница за неупотребуваните нови гуми за патничките и лесни теренски возила. Сепак кога добивате голем и можеби и неочекуван попуст при купување на гуми за вашиот автомобил добро е сепак да се распрашате и кога истите се произведени.

Некои продавачи чесно ќе ви укажат на тоа дека можеби гумата што се продава е стара неколку години, а други пак ќе ве убедуваат дека е тоа одлична зделка со оглед на квалитетот на истата. Препораките на Европското здружение на произведувачи на гуми и тркала (European Tyre and Rim Technical Organization, ETRTO) не го одредуваат конечниот рок во кој гумите мора да бидат продадени, но се зборува дека гумите треба да бидат правилно чувани во складиште за да ги зачуваат своите карактеристики.

Тоа значи дека треба да бидат чувани во складиште кое обезбедува заштита од високи температури односно од преголеми температурни проблеми, влажност, озон, UV зраци, масло и агресивни хемикалии.

Слични упатства дава и корпорацијата Goodyear, која меѓудругото потсетува дека гумите од складиште и упоребуваните гуми своите карактеристики може да ги зачуваат само доколку се правилно одржувани, чувани во одговарачко складиште со потребните услови и кои не биле предмет на лошо ракување.

Сојузот на Германската индустрија за гуми, Сојузот на индустријата на гуми и Здружението на вулканизери на Германија наведуваат дека гумите се нови доколку се стари до пет години. Интересно е дека документите на споменатите организации не зборуваат за тоа дека пневматиците по истекот на споменатиот период не можат повеќе да се продаваат односно дека се неупотребливи. Затоа пред продажбата односно пред употребата мора да се добие потребното мислење на стручњаците и произведувачите.

На поставеното спорно прашање во врска со векот на траењето на автомобилските гуми реагираа и стручните ревии за гуми, националните здруженија на дистрибутери односно вулканизери во најголемите европски држави како и произведувачи на гуми за автомобили. Сите предупредуваат дека гумите не се роба која се расипува, а заедничко за сите овие реакции е дека го нагласуваат клучното значење на условите во кои гумите се чуваат како и начинот на одржување на гумите.