Како се пере автомобилот во зима?

ОБЈАВЕНО НА:

Многу од возачите на моторни превозни средства често си го поставуваат ова прашање, па дури и се чудат дали треба да се пере автомобилот во текот на зимата. Одговорот е едноставен. Возилото треба да се пере и во зимата бидејќи хемикалиите со кои се третираат патишатата се штетни. Класичниот метод користен најмногу од таксистите – пери брзо и плати најмалку не одговара за во зима.

Основните правила за перење на автомобилот во студените месеци се неколку.

Првиот е да се тргне калливиот слој од бојата, но тоа во никој случај не треба да се прави со врела вода. Откако ќе се исплакни и сите „соли“ од возилото ќе се исцедат, дури тогаш може да преминете кон нанесување на шампон. И тогаш не треба да користете четка или сунѓер. Невидливите песочни остатоци и соли се силно абразивни за бојата.

Ако пената е активнa, тогаш таа не треба да се држи многу на автомобилот бидејќи тоа ќе се одрази лошо, како за бојата така и за пластиката и гумените детали. Премногу топла вода ќе влијае лошо на лакот, кој се подразбира е нанесен над бојата. Имено, тој не е предвиден за премногу големи температурни промени. Гумените делови страдаат од хемиските реагенски нанесени од службите за чистење на снегот.

Затиа треба да се посвети особено вимание. По можност исперете го автомобилот оддолу, подбраниците и под заштитата на картерот. На крајот откако ќе го исперете автомобилот задолжително е и сушењето. Силиконскиот лубрикант на гумениот дел на автомобилот е силно препорачан после зимско перење на возил

Следете не и на:

24AUTO NETWORK