Како самите да ја проверите истрошеноста на гумите?

ОБЈАВЕНО НА:

За секое безбедно возење особено важна улога имаат гумите. Нивната состојба е максимално важна и влијае на контактот на возилото со подлогата. Слојот на гумата кој е во контакт со асфалтот е клучен за безбедноста.

Длабочината на шарата влија и на исправноста и на состојбата на гумата. Возењето со истрошена гума ја зголемува опасноста од пукање, аквапланинг и ја смалува способноста на возење во зимски услови.

Малата висина на профилот на газечкипт слој во зима значително го смалува нивото на контакт со тлото и можноста за контрола над возилото. Возачите кои возат со гуми чија висина на профилот на газечкиот слој е помала од законски дозволената граница ризикуваат казна.

Пристапете до газечкиот слој на гумата

Првата фаза за проверка на висината на газечкиот слој се состои од тоа гледање на предните гуми од прав агол.

Паркирајте го возилото на рамна површина.

Кренете ја рачната кочница.

Завртете го воланот за 45 степени во десно или во лево за да можете јасно да ги видите предните гуми пред самиот почеток на прегледување на одредената гума. Тоа е малку потешко за задите гуми, но тоа не ве спречува визуелно да ги прегледате гумите.

Проверете го профилот на газечкиот слој на гумите

Не се оставајте само на своите проценки. Набавете си лесен мерач за длабочина на шарите како би можеше да имате контрола на вашите гуми. Мерењето на длабочината на профилот со овој едноставен уред не е тешко и бара само неколку минути од вашето време.

Законски пропишаниот минимум на длабочината на профилот во Европа е 1,6 mm по целиот обем.

Проверете ја длабочината на главните шари на неколку места по обемот на гумите со употреба на мерачот кој го препорача произведувачот. Гумите исто така имаат индикатори за трошење на профилот кои се втиснати во базата на главните шари. Кога површината на профилот ќе се потроши до нивото на овие индикатори, гумата е на законска граница од употреба и треба да биде заменета.

Без оглед на тоа како ќе ја проверите длабочината на профилот на гумите, ако се приближува до законски пропишаната вредност или ако имате некаков сомнеж, најдобро е да ги провери стручњак за гуми.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK