Добро е да се знае: Од што сè ве штитат затемнетите фолии

ОБЈАВЕНО НА:

Внатрешноста на автомобилот е место на кое секој возач минува по неколку часа во неделата, а некои возачи и по неколку часа во денот. Секако, во автомобилот секој сака да се чувствува удобно, па го прави она што е потребно за да има непречено уживање во возењето.

Посебно преку лето многу важна улога во автомобилот има клима уредот. Сепак, климата помага за еден дел и не е семоќна. Таа ја симнува температурата во вoзилото, но не може да направи ништо против силните сончеви зраци и секогаш незгодното ултравиолетово зрачење. Фабрички затемнетите стакла кои се до 30 проценти се занемарливи, па оттаму спасот го донесуваат фолиите.

Сепак, фолиите не се поставуваат на стаклаа само од наведените причини, туку и поради многу други. Поголемиот дел од возачите на ум ја имаат само заштитата од сончеви зраци особено ако често ги возат децата или домашните миленици. Меѓутоа тука има и друга корист. Освен што навистина спречуваат продирање на 99 проценти од UV зрачеето, со нив на стаклата значително  се намалува и незгодниот одблесок.

Понатаму, добро поставената форлија има и безбедноста улога бидејќи доколку дојде до кршење на стаклото таа ќе спречи да се распарчи на најситни парченца и ќе ги поштеди патниците од можни повреди. Воедно ќе им ја отежне и работата на крадците.

Пропуштањето на UV зраци е еднакво како кај провидните и кај најтемните фолии и изнесува помалку од еден процент што може да се провери и со посебни методи за мерење. Кај произведувачите од САД, ознаките на фолиите се темелат на процентот на пропуштање на светлоста додека кај некои други номенклатурата е спротивна.

Пред нанесувањето на фолијата која е скроена рачно или со помош на компјутер потребно е темелно да се стаклото да се исчисти. Притоа треба да се води сметка да не се оштетат грејачите.

Подготовката на фолијата за монтажа на странично стакло се врши од надворешната страна со помош на индустриски фен со топол воздух.

После поставувањето, фолијата темелно се рамни со силиконски топчиња за да се залепи подобро за стаклото, но и да нема останато воздушни џебови.