Ако сопирачките ви се прегреваат во лето, ова треба да го знаете

ОБЈАВЕНО НА:

Сопирачките се еден од најважните делови во едно моторизирано превозно средство, но истите можат да прегреат од различни причини и да создаваат проблеми. Најчестиот проблем кај хидрауличните системи, но и еден од најлесните за решавање е неправилното поставување на перничињата кон сопирачкиот диск.

Растојанието меѓу перничињата и дисковите може да биде многу големо или многу мало. Во зависност од тоа се појавуваат различни проблеми:

– При голема луфта има опасност работата на сопирачките да биде нарушена бидејќи перничињата не лежат доволно на дисковите и не постигнуваат квалитетно триење. Тоа значително може да ги ослаби можностите на сопирачките и да доведе до опасни ситуации.

– Ако празниот простор е премал, перничињата и дисковите може да се допираат и без да се притисне педалата за сопирање, а тоа води до непосакувано триење, трошење и прегревање на компонентите што може да ја влоши работата на сопирачките, да предизвика вибрации, шум и трајни проблеми за дисковите. Во најлош случај се опразуваат врели точки, кои можат брзо да го потрошат материјалот и да ги напукнат дисковите.

Оптималното позиционирање на перничињата кон сопирачките дискови помага да се избегне прегревањето. Се препорачува редовно да се проверува каква е празнината меѓу двете компненти. По правило, ако не се наместат дополнително, постепено се раздалечуваат, а потоа се трошат.

При монтажа сите хидраулични сопирачки дискови се снабдени со автоматски регулатор, кој се мести самиот при користење на сопирачките за да го компензира трошењето на дисковите и перничињата. И покрај тоа редовно треба да се проверуваат за да биде сигурно дека работата на сопирачкиот систем е најдобрата.

Ако регулаторот е инсталиран правилно, автоматизираното позиционирање не би требало да има потреба од дополнително рачно местење. Сепак, позицијата треба редовно да се проверува од монтер на пример при смена на перничињата или доколку има прегрејување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK