Совет: Со вистински притисок во гумите до поголема безбедност и заштеда на гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Гумите се еден од најважните делови на вашето возило кога е во прашање вашата безбедност, па затоа треба често да се проверува притисокот на истите. Со оглед на тоа што гумите по природен пат го губат притисокот, а истиот е променлив во зависност од температурата многу е важно еднаш месечно да проверувате каков е притисокот. Секако задолжително треба да се провери и резервната гума.

Доколку не се направи ова тогаш може да дојде до намалување на перформансите. Прилепеноста за асфалтот нема да биде на она ниво кое е потребно за да може нормално да се вози, а ќе се зголеми и потрошувачката на горивото. Покрај тоа, гумите се оштетуваат и многу побрзо, а тоа значи и дека нивниот век ќе биде пократок.

Препорачаните вредности на притисокот често се различни за предните и за задните гуми. Ако не сте сигурни на која вредност треба да бидат напумпани гумите или сакате да дознаете како можете да ја проверите вредноста на притисокот на гумите тогаш треба да знаете неколку работи. Секако со знаењето на тие неколку работи ќе можете да остварите поголема заштеда само од трошоците за замена на гумите.

Недоволно напумпани гуми се опасни бидејќи може да биде загрозена вашата безбедност на патот. Проверката на вредноста на притисокот во гумите е едностава и бесплатна, а таа може да ви ја зголеми безбедноста. Возењето со неисправни вредности на притисок на гумите може да влијае на однесувањето на возилото и сериозно да ја загрози вашата безбедност, па дури и да предизвика незгоди во кои може да биде загрозен и вашиот живот.

Вистинската вредност на притисокот за одредено возило се наоѓа во книгата со упатства за возилото. Таа информација може да биде наведена и во внатрешноста на возилото. На пример на вратата на возачот, на куќиштето со осигурачи или на внатрешната страна на вратичката од резервоарот за гориво.

Во поголемиот дел од случаите се наведени две различни вредности на притисок:

– за „нормални“ услови на возење;

– за оптоварено возило со личности или со некој дополнителен тежок товар.

За да ја проверите вредноста на притисокот во гумите ви се потребни манометар или стандардна опрема за дување која ја има во поголемиот дел на сервиси кои продаваат гуми или на бензинските пумпи. Секако тука е важно и прашањето како вредноста на притисокот во гумите може да влијае на безбедноста?

ДОЛГ ВЕК НА ТРАЕЊЕ

Возењето со премалку напумпани пневматици го смалува нивото на издржливост на гумите. Доведува до нивно оштетување, па дури и до потполно празнење на гумите.

Гуми кои се премалку напумпани за повеќе од 0,5 бари = ОПАСНО.

ДРЖЕЊЕ НА ПОТРЕБНАТА ЛИНИЈА НА ПАТОТ

Со премалку напумпани гуми се смалува прецизноста во свиоците.

Премала напумпаност = послабо држење на патот.

AКВАПЛАНИНГ

Ако гумата е премалку напумпана, 30 проценти помалку од препорачаната вредност, постои опасност од поголем аквапланинг.

КОЧЕЊЕ

Премалку напумпани гуми го зголемуваат растојанието за запирање на возилото.

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО

Премала напумпаност го зголемува отпорот на газечкиот слој, а со тоа и потрошувачката на гориво.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK