Сам свој мајстор – Косовар си направил Lamborghini (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Кога нешто неможеш да го имаш бидејќи е премногу скапо, еден од начините е да се обидеш самиот да го изработиш. Токму така се снашол Косоварот Дритон Селмани од Гњилане кој си направил копија на Lamborghini Reventon.

Додека неговите соседи се мачат со старите возила, тој се перчи со „пицнатото“ Lamborghini кое претставува атракција кога ќе се појави на улиците. Му требало цела година за изработката, а како основа му послужило купето на Mitsubishi Ecslipse. Вградениот мотор е трилитарски В6 со 200 КС, од седанот Mitsubishi Galant.

Иако по надворешниот изглед ќе помислите дека е навистина Lamborghini, од оригиналот се разликува по тоа што моторот е поставен напред. Таму всушност е местото на моторот на Mitsubishi. На каросеријата има и црвено-црни линии кои го симболизираат амбанското знаме.

Оригиналот, Lamborghini Reventon беше претставен во 2008 година, и имаше В12 мотор поставен позади седиштата, со моќност од 6,5 литри и 650 КС.

kosovo-3 kosovo kosovo-2 kosovo-1

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK