Од Peugeot биле „кумови“ на името Porsche 911

ОБЈАВЕНО НА:

Голем број на вљубеници во автомобилите веројатно знаат дека моделот којшто го прослави Porsche беше 911. Сепак, на почетокот оваа ознака беше со друг број. Според информациите во Porsche првата нумеричка ознака за автомобилот ја имале 901, но уште на самиот почеток на производството морало да дојде до промена и тоа на барање на компанијата Peugeot која тврдела дека ги поседува правата за користење на троцифрените броеви со нула во средината при именување на своите автомобили.

Поради ова во Porsche се одлучиле за бројката 911, но не постојат доволно податоци зошто се решиле точно за овој број.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK