Не се само за автомобил: Стадионот на Ајакс користи 148 батерии од Nissan Leaf

ОБЈАВЕНО НА:

Дека иновациите во поглед на развојот на батерии за автомобилската индустрија не се користат исклучиво во автомобилите е доказ и Амстердам Арената. На стадионот на Ајакс поставени беа 148 батерии од Nissan Leaf со цел целосно обезбедување со електричан енергија. Дел од нив се нови, а дел користени батерии со што се покажува дека истите може да се искористат и откако ќе бидат извадени од возилата.

Nissan кој е официјален партнер на холандскиот клуб инсталираше систем на батерии за складирање на 3 мегавати кои не само што ќе служат за напојување туку ќе се користат и за напојување на околните домаќинства во случај на прекин на електроснабдувањето.

“Благодарение на овој систем за складирање на енергијата, стадионот ќе може повеќе интелигентно да ја користи сопствената одржлива енергија” изјави Хенк ван Ран, директорот за иновации на арената во Амстердам која е позната и под името Јохан Кројф Арена.

Задоволство од оваа инсталација искажа и директорот за енергија на Nissan, Франсиско Каранжа кој изјави дека е среќен што Nissan е дел од најголемиот систем за складирање на енергија во Европа наменет за комерцијални зданија.

“Благодарение на Јохан Кројф Арената покажавме дека пренаменувањето на батериите на електричните возила на Nissan може да придонесе за создавање на поефикасен и поодржлив енергетски систем” додаде Каранжа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK