Велосипед од 24 каратно злато продаден за 328.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Има многу случаи кога за велосипед би платиле висока сума, со оглед н анеговите карактеристики или пак квалитет. Но, дали би платиле ако велосипедот е обложен со злато, сребо или некој друг благороден редок метал.

Велосипед обложен со 24 каратно злато дело на британска компанија беше продаден на аукција за 250.000 фунти односно 327.970 американски долари.

Британската компанија Goldgenie кој обложува со злато најразлични предмети, го обложи велосипедот користејќи го технолошкиот процес наречен галванопластика.

Нема информација дали новиот сопственик ќе реши барем дома некогаш да го испроба велоиспедот, или истиот ќе биде само како украс во некој агол, покрине со стакло и далеку од неговата употреба за што и всушност е наменет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK