Sumsung зрачи помалку од iPhone

ОБЈАВЕНО НА:

Најновите Sumsung мобилки помалку го озрачуваат човекот отколку iPhone апаратите. Ова го покажуваат листите кои неодамна ги објави француската Интернет страница за технологии, PhonAndroid. Тие објавија две листи со мобилни апарати кои најмалку зрачат и мобилките кои најмногу зрачат, вклучувајќи ги во пописот и најпопуларните мобилни апарати.

При подготовката на ранг листата користена е мерењето Специфична стапка на апсорпција (SAR), што претставува мерка со која се утврдува стапката со која човечкото тело ги апсорбира радиофреквенциските зрачења. Ова мерење се користи кога се утврдува дали апаратот што се пушта во продажба е безбеден да се користи, односно, дали зрачењето е во рамките на дозволеното. Француската Интернет страница, пак, ги рангирала мобилките според декларираните вредности за секој модел, и тоа, ранг листи на 10 мобилки кои најмалку и на 10 мобилки кои најмногу зрачат.

Samsung Galaxy S7 Edge има најмало зрачење од сите рангирани мобилни апарати. По него следат Asus Zenfone 3, Samsung Galaxy A5 2016, Lenovo Moto z, OnePlus 3, Samsung Galaxy S7, HTC 10, Sony Xperia XA, Horor 5X и Samsung Galaxy A3 2016.

Апсолутен победник на на листата на паметни мобилки кои најмногу зрачат е Honor 8, а по него следат Huawei P9, iPhone 7, iPhone 7 Plus, Honor 5C, Sony Xperia X Compact, Sony Xperia XZ, LG G5, Apple iPhone SE  и Sony Xperia X.

Стручната јавност со години дебатира за евентуалната опасност од изложеноста на зрачењето од мобилните апарати, како и од базните станици, но истражувањата најчесто се контрадикторни и нема јасен став за ова прашање. Од тие причини се препорачуваат некои добри практики за да се намали потенцијалната опасност. На пример, корисникот да не го носи апарат во џебови и да не спие до мобилниот апарат, бидејќи се верува дека апаратот повеќе зрачи во состојба на мирување зашто континуирано праќа сигнали за да биде поврзан на мрежа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK