Скутерот CanguRo ве следи како кученце (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На пазарот денеска се нудат многу различни решенија за евтино минувањето на десетина километри дневно во градска средина. Она што е интересно е дека новиот модел на скутер со име CanguRo не само што може да ве вози каде што ќе посакате туку и да ве следи во чекор како верно кученце. И не само тоа туку и да ве пронајде самиот на одредено место откаде можете да го земете и да продолжите со него да се возите.

Овој скутер е дело на Шунжи Јаманака од институтот Chiba на центарот за технологии на иднината и развој на роботите во Јапонија – roFu. CanguRo е создаден како личен следбеник односно за асистент и превозник. Тој има висока интелигенација позната како scanSLAM, а генерира 3D карти со користење на информации од сензори, за да може да си создава марштута по која самиот ќе се движи.

Во групата на сензори е вклучен и 3D LiDAR, широкопојасна камера и сензор за дистанца. Машината се управува од сопствен роботизиран операциски систем на институтот и може автоматски да го следи сопственикот или да биде контролиран  од дистанца со помош на таблет или смартфон. Може да биде упатен на движење кон специфична локација каде би го чекал сопственикот после некоја негова средба.

CanguRo ја исполнува и функцијата на нормален скутер откако го крева седиштето и го зголемува растојанието меѓу оските до 750 мм. Движењето настанува со помош на мотор без четкици на предни тркала од 12 инча, додека задното тркало е од десет инчи.

Максималната брзина е 10 км/ч, а максималниот вртежен момент 0.93 Нм. Бројките не се така добри, но машаината ќе ве превезе додека одморате. Тежината на скутерот-робот е 64 килограми, а може автоматски да запира ако проценти дека го очекува судир.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK