Претворете го прстот во смартфон со Orii

ОБЈАВЕНО НА:

Не сте љубител на блутут, а не сакате постојано да го користите мобилниот телефон. Интересно решение е прстенот Orii, најновиот проект на Kickstarter, со којшто прстот се претвора во паметен телефон.

Односно, прстенот ја користи спроводливоста на коската и преку неа испраќа вибрации кои кога ќе го допрете прстот до увото, корисникот ги слуша како глас.
Orii преку блутут технологија се поврзува со мобилниот телефон, а потоа со него корисникот може да одговори на телефонски повик, како и да побара некој број, може да прати и куса СМС порака и да ја преслуша пристигнатата, а прстенот овозможува користење и на некои апликации инсталирани на мобилката.

Прстенот е опремен со батерија која може да издржи еден час телефонски разговори и 45 часа во стендбај. Водоотпорен е, а се изработува според димензиите на прстот.
Цената по која може сега да се нарача е околу 119 доларри, но првите испораки се очекуваат по февруари 2018 година.

Претходните години на пазарот беа понудени рачни саати кои ја имаа истата функција, но звукот беше тивок и со слаб квалитет.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK