Неограничен интернет од Вип во секој дел од Македонија за 499 денари

ОБЈАВЕНО НА:

Вип најави збогатување на своето портфолио во фиксните услуги и го воведува пакетот Vip Combo Box со кој корисниците добиваат пристап до брз интернет и фиксна линија дури и во најоддалечените и рурални места во Македонија.

Со новиот Vip Combo Box, корисниците добиваат уред кој e лесен за користење и има едноставна инсталација, уредот станува функционален со едноставно приклучување во струја. На корисниците им се гарантира интернет со брзина од 20 мб. Постои и тест перио дод 15 дена во кој можете да проверите дали производот ви одговара и навистина го нуди она што го рекламира.

За месечна претплата од 499 денари корисниците го добиваат Vip Combo Box 2 со неограничен брз интернет и можност за фиксен телефон.
Со Vip Combo Box 3 за месечна претплата од 799 денари корисниците добиваат неограничен брз интернет, неограничени раговори кон сите фиксни национални мрежи и телевизија со до 50 ТВ канали. Со Vip Combo Box 4 корисниците ја добиваат можноста да искомбинираат четири услуги и да добијат дополнителен попуст!

“Vip Combo Box е совршен избор за сите корисници кои сакаат брз интернет и фиксна телефонија за својот дом и за сите оние кои летните денови ги поминуваат во викендички, дури и за оние кои имаат потреба од брз интернет на своето работно место. Со Vip Combo Box интернет е достапен не само во урбаните , туку и во руралните средини, а едноставниот начин на приклучување и користење го прави овој производ уште поатрактивен. Ние во Вип секогаш им нудиме повеќе на нашите корисници, а со нашиот Vip Combo Box ги исполнуваме барањата и потребите на корисниците за слободна и неограничена комуникација по најдобра цена “, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK