На есен стартува продажбата на паметната јакна која се поврзува со мобилката

ОБЈАВЕНО НА:

„Levi’s Commuter Trucker Jacket“ е паметна јакна создадена во партнерство на познатиот бренд Levi’s и технолошкиот гигант Google, односно неговто ATAP одделение. Јакната нема за цел да го стопли корисникот, туку му овозможува полесно да се поврзе со паметниот телефон. Односно, според креаторите јакната ќе им олесни на велосипедистите, односно возачите додека се во движење поллесно да управуваат со мобилката.

Јакната ќе чини околу 350 долари, а на пазарот ќе се појави оваа есен. Ова е прв комерцијален производ кој поседува Jacquard Technology, односно ткаенината која се користи има можност да пренесува податоци, односно наредби за смартфонот, а во манжетната од ракавите е вграден и блутутот. Корисникот со допири на манжетната може да одговори на повик, да паузира или прескокне песна која ја слуша и слично.

Очекувањата се дека јакната ќе може да се пере, како и дека ќе биде водоотпорна. Паметната јакна првично беше најавено дека во продажба ќе се појави пролетва, но тоа е одложено за оваа есен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK