Mercedes-Benz со специјална колекција за Божиќ

ОБЈАВЕНО НА:

Интернет страна на Mercedes-Benz ги израдува поддржувачите на брендот со избраната колекција на подароци за Божиќ. Тие се поделени во четири категории и тоа, подароци за: мажи, жени, деца и домашни миленици. Асортиманот вклучува лак за нокти, комплети за голф, тркала без педали, поводници за кучиња со кристали Swarovski и други подароци.

Специјално за дамите од Mercedes-Benz имаат подготвено накит, паргфеми и други додатоци развиени во соработка со водечките имиња во индустријата. Освен лакот за нокти во боја на вашиот омилен автомобил во каталогот има и ѓердани со амблем на брендот.

За мажите, пак, се нудат манжетни, облека и ремени во облик на решетка на ладилникот на тракторот Actros.

Детските подароци се играчки, велосипеди и конструктори Lego Speed Champions. Каталогот  нуди и намалени копии на автомобили Mercedes-Benz, привезоци од карбонски влакна, кожни додатоци, календари, плакати и магнети.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK