Land Rover Explore е најекстремниот телефон во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Од Land Rover е пуштена информација за уникатен мобилен телефон, кој според компанијата е најекстремниот предлoг што може да биде најден во моментов на пазарот. Land Rover Explore е изработен во соработка со Bulitt Group и е инспириран од квалитетите на Land Rover Discovery и е во состојба да функционира и во најтешките услови на планетата. Мобилниот телефон е целосно водоотпорен (потопуван е до 1,8 метри и тоа во солена вода), издржа и екстремни температури и удари, а со чувствителниот екран на допир може да се работи дури и со ракавици.

Мобилниот телефон на Land Rover доаѓа со сопствена офроуд навигација, компаси и SOS сигнализација, а благодарение на големата батерија (4000 mAh) е во состојба да работи (со активен екран) без пауза во период од два дена.

Land Rover Explore, првпат ќе биде покажан на Mobile World Congress в Барселона има цена од 599 фунти. Неговите основни параметри се операциски систем Android Nougat OS со планиран update до Oreo, 4GB RAM и 64GB ROM, microSD, Deca-core 2.6GHz 64 bit MTK Helio X27 чипсет со можност за употреба на две SIM-картички, 16MP основна камера и 8MP предна. Дополнителната батерија е со капацитет од 3600 mAh.Та