Кина пушта бесплатен интернет во целиот свет

ОБЈАВЕНО НА:

Кинескиот интернет провајтер LinkSure Network ги објави своите планови за пуштање на првиот сателит за глобален интернет LinkSure №1 уште за време на следната 2019 година. Тоа ќе биде првиот кинески вселенски уред, чија цел е бесплатниот глобален интернет да биде достапен за секого.

Компанијата планира да инвестира 431,1 милиони долари, а инвестицијата ќе се користи за отворање и пуштање во употреба на 272 сателити на отворен простор. Уредите е планирано да бидат позиционирани на две нивоа. Од нив 72 ќе бидат на надморска височина од 1.000 километри над земјата, а другите 2000 ќе имаат орбитална висина од 600 километри.

Идејата за Кинезите е обезбедат бесплатен интернет во која било точка во светот. Сепак, оваа идеја не е нова. Сличен е и случајот со Илон Маск, кој исто така изрази желба и дури доби и дозвола од страна на Федералната комисија за комуникација да отвори 7.518 сателити.