Десетте најдобри смартфони на светскиот пазар

ОБЈАВЕНО НА:

Business Insider направи преглед на пазарот на смартфони и ја објави својата класификација на десетте најдобри во овој момент.

На врвот редовно се наоѓаат моделите на Apple или Samsung, но овој пат следува изненадување во изборот на најдобрите десет смартфони.

Рангирањето не е направено според цената туку се искористени други параметри.

  1. HTC U12+

Цена: 800 долари

Официјално беше претставен пре едвај една недела и веќе доби признание. Во престижната класификација на DxOMark, која ги оценува камерите на телефоните, овој модел се најде директно на 2. Место зад Huawei P20 Pro. Смартфонот од Тајван привлекува и со поразличниот надворешен изглед и блескавите бои, кои се менуваат на светлина.

  1. LG G7

Цена: 750 долари

Тој ги поседува сите неопходни и актуелни функции, вклучувајќи и безжично полнење, водоотпорност и добра камера. За разлика од другите, може да се пофали и со приклучок за слушалки.

  1. Google Pixel 2

Цена: 650 долари

Можеби не е најубавиот Android телефон, но има едно тајно оружје, ја исполнува последната и најчиста верзија на операцискиот систем во секое време. Pixel 2 го привлекува вниманието и со камерата и со батеријата.

  1. iPhone 8

Цена: 700 долари

Поседува стаклено-метална обвивка, подобрена камера, но и безжично и брзо полнење.

  1. Galaxy S9, Samsung

Цена: 720 долари

Со појавата уредот предивика некои негативни коментари, а AR Emoji функцијата му беше широко отворена. И покрај тоа смартфонот на корејскиот гигант ги има неопходни квалитети да се најде на најдобрите позиции. Експертите сметаат дека го поседува најдобриот дисплеј во моментов.

  1. Google Pixel 2 XL

Цена: 850 долари

Речиси е идентичен на Pixel 2, но е многу подобар и поголем од него.

  1. iPhone X

Цена: 1 000 долари

Не се изговара многу често како револуцинонерен, но тој е носител на многу квалитети. Високата цена, сомнителното претставување на Face ID функцијата и недостатокот на резервен скенер за отпечатоци на прстите се меѓу нештата кои му пречат да се најде на првото место во класификацијата.

  1. iPhone 8 Plus

Цена: 800 долари

Му недостигаат Face ID, новиот дизајн и OLED дисплејот на iPhone X. Му недостига и високата цена на јубилејниот модел. Сето друго, претставување, камера, батерија… е на место.

  1. Galaxy S9 Plus, Samsung

Цена: 840 долари

Тој е нешто како поголемата верзија на Galaxy S9, но може да се пофали со двојна камера, при која вториот објектив има и 2х оптичко приближување. Доаѓа со поголем RAM, кој ја зголемува продуктивноста на апаратот.

  1. OnePlus 6

Цена: 530-570 долара

OnePlus 6 не располага со безжично полнење, официјална оценка за водоотпорност, најсветлиот екран или за најдобрата можна камера. Авторите на Business Insider, сепак, го сместуваат на лидерското место поради други карактеристики, а една од нив е ценаа од 530 долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK