И без интернет: Бесплатни Вибер пораки со Вип Припејд

ОБЈАВЕНО НА:

Вип и ова лето воведува нова атрактивна понуда за корисниците на мобилната припејд телефонија со која четувањето со пријателите станува незаборавно и неограничено преку бесплатни Вибер пораки и специјално креирани Вибер стикери.
Промоцијата Бесплатни Вибер пораки и стикери е достапна за сите нови Вип Припејд корисници, додека постојните корисници ја добиваат оваа можност со надополнување од најмалку 100 денари за што ќе бидат известени со СМС во моментот кога промоцијата ќе биде активирана.

“Летото и летните одмори сѐ уште поубави и незаборавни кога ги споделуваме доживувањата со пријателите. Затоа креиравме нова промоција која на припејд корисниците им овозможува неограничена комуникација. Со надополнување на кредит на својот припејд телефонски број, корисниците добиваат можност да уживаат во бесплатни Вибер пораки дури цел месец, а допишувањето да биде уште поинтересно корисниците можат да ги симнат и специјално креираните летни Вип стикери. Со секое наредно надополнување следуваат нови 30 дена бесплатно Вибер четување, “ изјави Димитар Ковачевски , извршен директор во Вип.

Промоцијата за сите Вип Припејд корисници е достапна ограничен, промотивен период и важи во Македонија. Бесплатната понуда Вибер пораки не ги поддржува Вибер повиците, гласовните и видео пораки, слики и документи прикачени од архивата на телефонот на корисникот, симнување или поставување слики директно сликани од Вибер пораки апликацијата, отварање на надворешни линкови поставени при користење на Вибер пораки услугата. Искористениот податочен сообраќај надвор од промоцијата ќе се наплатува согласно тарифниот модел или активираниот дополнителен интернет пакет. За да ја користат промоцијата Бесплатни Вибер пораки, корисниците потребно е да ја симнат Вибер апликацијата од Google Play Store или од App Store.

Вип оди чекор понапред во комуникацијата со своите корисници и станува првата македонска телекомуникациска компанија која отвара Вибер public chat група во која корисниците ќе ги добиваат сите Вип новости и ќе ја добијат можноста да се запознаат со луѓето кои ја движат напред Вип приказната и при тоа многу да се забавуваат. Линкот каде може да го заследат овој чет e http://chats.viber.com/vipmk, кликнете follow.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK